Infoproject Управување со ЧР и плата
Каталог

Infoproject Управување со ЧР и плата

Комплетно решение за дигитализација на HR процесите во организацијата — регрутирање, работни договори, евиденција на вработени, присуство, пресметка на плата и законски извештаи. Целосно интегрирано со Infomatrix ERP за автоматски пренос на финансиски податоци.

Пресметка на плати Законски извештаи ERP интеграција
Главни карактеристики

Што нуди Infoproject Управување со ЧР и плата?

Евиденција на вработени

Целосна дигитална картотека на вработените со документи, историја и работни договори.

Пресметка на плати

Автоматска пресметка на плати и придонеси согласно актуелната македонска легислатива.

Присуство и отсуства

Евиденција на работно време, одмори, отсуства и боледувања со интеграција со пресметката на плата.

Регрутирање

Управување со процесот на регрутирање — огласи, апликации, интервјуа и избор.

Обуки и развој

Планирање и следење на обуки, евалуации на перформанси и планови за развој.

Законски извештаи

Автоматско генерирање на извештаи за Управата за јавни приходи и ПИОМ.

Детален опис

Опис на производот

Модулот за управување со човечки ресурси и плата е комплетно решение за дигитализација на HR процесите во организацијата.

Го покрива целиот животен циклус на вработен: регрутирање, работни договори, евиденција на вработени, обуки и развој, евиденција на присуство и отсуства, пресметка на плата и придонеси и официјално известување кон државните институции.

Пресметка на плати

Автоматска пресметка на бруто и нето плати со сите придонеси согласно актуелната македонска регулатива. Системот автоматски се ажурира при промени во законодавството.

Интеграција со Infomatrix ERP

Системот е целосно интегриран со Infomatrix ERP, обезбедувајќи автоматски пренос на финансиски податоци до книговодството. Ги намалува административниот товар и го минимизира ризикот од грешки во пресметката.

Заинтересирани сте за Infoproject Управување со ЧР и плата?

Контактирајте нè за демо, понуда или дополнителни информации.

 info@infoproject.biz