Infoproject DMS е централизирана платформа за дигитално управување со документи. Ја елиминира фрагментацијата, обезбедува контролиран пристап по улога, контрола на верзии, напредно пребарување и дигитално потпишување — целосно интегрирана со Infomatrix ERP.
Хиерархиска структура на папки со тагови, метаподатоци и флексибилна организација.
Целосна историја на измени со можност за враќање на претходна верзија и следење на промени.
Гранулирано ограничување на пристап по улога, одделение или поединечен корисник.
Full-text пребарување, пребарување по метаподатоци и OCR за скенирани документи.
Интегрирано дигитално потпишување преку MOST платформата со целосен доказен пакет.
Документите се поврзани со деловните трансакции во Infomatrix ERP за целосен контекст.
Системот за управување со документи (DMS) претставува централизирано решение за дигитално чување, управување и контрола на целокупната документација во компанијата. Тој обезбедува сигурна, организирана и лесно пребарлива дигитална архива, преку која сите документи се достапни на вистинското место, во вистинско време и со јасно дефинирани правила на користење.
DMS системот е наменет за компании кои сакаат да воспостават целосна контрола над документите, да ја намалат зависноста од хартија, да го зголемат нивото на сигурност и да обезбедат усогласеност со законски и индустриски стандарди. Со воведување на ваков систем, документацијата станува активен дел од деловните процеси, а не административен товар.
Системот е целосно интегриран со дигиталната архива и служи како единствено место за складирање и управување со сите документи во компанијата.
Ова обезбедува унифицирана структура, конзистентност и долгорочна достапност на целокупната документација.
Системот овозможува напредно и флексибилно пребарување на документите, без потреба од познавање на нивната физичка локација.
Ова значително го намалува времето потребно за пронаоѓање информации и ја зголемува продуктивноста.
Секој документ во системот има јасна историја и следење на промените.
Дополнително, системот овозможува коментирање и водење дискусии директно на документите, овозможувајќи централизирана работа на повеќе корисници, без губење на контрола и верзии.
DMS системот овозможува детално управување со пристапот до документацијата, според улоги, служби и категории.
Ова обезбедува високо ниво на сигурност и заштита на чувствителните информации, како и усогласеност со внатрешните политики на компанијата.
Документите во DMS системот се директно поврзани со останатите подсистеми во информативниот систем на компанијата.
Ова овозможува целосна транспарентност и елиминација на дуплирани или неконзистентни податоци.
Системот поддржува дигитално потпишување на документи, со што се обезбедува нивна автентичност и правна валидност.
DMS системот е дизајниран да поддржува и следи усогласеност со релевантни стандарди и регулативи, вклучувајќи:
Системот автоматски ги означува документите според применливите стандарди, следи исполнување на барањата и обезбедува прегледи и контролни точки за ревизии и сертификации.
За да се обезбеди континуитет и сигурност на работењето, системот редовно врши автоматска заштита (backup) на целокупната документација.
Контактирајте нè за демо, понуда или дополнителни информации.
info@infoproject.biz