Решение наменето за фармацевтски компании кои работаат во строго регулирана средина. Нуди специјализирани алатки за управување со серии, следење на рокови, GMP усогласеност и документирање на квалитет во секоја фаза на процесот.
Целосна следливост по сериски броеви со историја на производство и контрола на квалитет.
Автоматски аларми за истекување на рокови на суровини и готови производи.
Документација и процеси усогласени со Good Manufacturing Practice барањата.
Дигитално управување со SOP документи, протоколи за тестирање и сертификати за анализа.
Управување со набавки, добавувачи и дистрибуција со целосна следливост.
Автоматско генерирање на извештаи за регулаторни тела и надзорни органи.
Во фармацевтската индустрија, каде регулативите се строги, потребата од прецизно следење на залихите, квалитетот и документите е висок приоритет.
Овој модул нуди специјализирани алатки за управување со серии, контрола на рокови и ланецот на снабдување. За компаниите, тоа значи подобро управување со залихите, поефикасно исполнување на регулаторни обврски и значително намалување на оперативните ризици.
Секоја произведена серија е комплетно документирана — суровини, добавувачи, производни услови, резултати од тестирање и дистрибуција. Оваа информација е достапна во секоја точка од синџирот.
Системот автоматски генерира и архивира GMP-потребната документација. Интегрираниот Document Control осигурува дека сите вработени работат со актуелните верзии на процедурите.
Контактирајте нè за демо, понуда или дополнителни информации.
info@infoproject.biz