Nexus Portal е колаборативна веб-апликација која претставува единствен workspace за тимска соработка во контекст на проекти. Ги обединува реало-временски chat, управување со задачи и документи во проектно-ориентирана средина — за разлика од општите платформи за комуникација.
Интегриран со Rocket.Chat преку SSO — канали, директни пораки и проектни дискусии.
Задачи со рокови, приоритети, прилози и коментари поврзани за конкретен проект.
DMS со дрво на папки, тагови и коментари на фајлови во контекст на проектот.
Персонализирани прегледи за координатори, соработници и клиенти на проектот.
Email, десктоп push и мобилни нотификации за сите важни настани во проектот.
Изолирани работни средини за различни клиенти со строга контрола на пристап.
Nexus Portal е колаборативна веб-апликација на Infoproject LLC, проектирана за тимови кои работат во проектно-ориентирана средина. Претставува единствен workspace кој ги комбинира: реално-временска комуникација (chat), управување со задачи, управување со документи (DMS) и конфигурабилен dashboard — сè во контекст на конкретен проект.
За разлика од општи алатки за тимска комуникација, Nexus Portal е дизајниран „project-first": корисникот влегува во контекст на проект и таму ги наоѓа сите релевантни пораки, задачи и документи. Пристапот е строго контролиран: секој учесник (координатор, соработник, клиент) го гледа само тоа за кое е определен.
Централниот комуникациски канал е интегриран со Rocket.Chat — отворен систем за деловна комуникација. Секој проект добива свој приватен канал (Private Group); покрај тоа постојат и тимски соби независни од конкретен проект. Автентикацијата е транспарентна (Single Sign-On): корисникот не воведува посебна лозинка за chat — порталот автоматски го пријавува преку безбеден токен.
Модулот за задачи овозможува создавање, доделување и следење на задачи во рамките на проектот. Задачите се видливи за сите учесници со соодветен пристап.
Секој проект добива свој простор за документи во рамките на DMS модулот. Документите се организирани во дрво на папки, со можност за тагирање и коментирање.
Секој корисник го конфигурира сопствениот dashboard со виџети кои го прикажуваат преглед на проектите, задачите, активноста и другите релевантни информации. Dashboard-от користи Gridster.js за drag-and-drop распоред на виџетите.
Системот за известувања е повеќеканален и осигурува дека ниту еден учесник нема да пропушти важна промена во проектот.
Секој проект има јасно определени улоги за учесниците:
Администраторот ги управува учесниците преку интуитивен popup-интерфејс со пребарување.
Nexus Portal е веб-апликација изградена на стандарден Infoproject стек: PHP backend, jQuery/Bootstrap frontend, Socket.IO за реално-временска комуникација, Webix за табели и дрва на податоци. Chat функционалноста е реализирана преку Rocket.Chat 5.x со автоматска SSO автентикација.
Контактирајте нè за демо, понуда или дополнителни информации.
info@infoproject.biz