Infoproject Производство е сеопфатно решение за управување со производствените процеси — набавка, производство, квалитет, залихи, испорака — со автоматизирани workflows и поддршка за ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001 стандарди.
Автоматски контролирани процеси кои алармираат при отстапувања и не дозволуваат прекршување на правилата.
Интегрирана контрола на квалитет во секоја фаза — влезна, меѓуфазна и финална.
Реално-временска видливост на репро-материјали, меѓупроизводи и готови производи.
Планирање на испораки, следење и потврда на прием со целосна документација.
Следење и известување за еколошки показатели согласно ISO 14001 барањата.
Управување со безбедносни процедури и инциденти согласно ISO 45001 стандардот.
Софтверското решение е дизајнирано да ги обедини сите производствени и поврзани деловни процеси во една интегрирана платформа. Овозможува континуирано следење, контрола и оптимизација на работењето, со цел зголемување на ефикасноста, квалитетот и транспарентноста во фабричката средина.
За секој процес во производството се дефинира јасен и структуриран работен тек кој системот автоматски го контролира.
Следење на секоја фаза од процесот во реално време
Автоматски аларми при отстапувања и неправилности
Оневозможување на прескокнување или прекршување на процедури
Намалување на човечки грешки и оперативни ризици
Системот овозможува воведување и следење на работењето согласно релевантни индустриски и општи стандарди, како што се ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001 и други европски стандарди поврзани со производството.
Означување на документи и процеси според стандарди
Следење на исполнетост на стандардните барања
Дефинирани контролни точки и проверки
Прегледи и извештаи за усогласеност и ризици
Решението обезбедува јасен увид во користењето на машините, капацитетите и производните серии.
Следење на искористеност и застои
Подобро планирање на ресурси и капацитети
Намалување на отпад и подобрување на продуктивноста
Системот овозможува целосна контрола над текот на материјалите и производите.
Следење на набавка на репро-материјали
Управување со магацински залихи
Контрола на готови производи и испораки
Точна реализација на порачки од купувачи
Повеќеслојни контролни панели обезбедуваат јасен и брз увид за различни нивоа на управување.
Оперативни прегледи за тековни процеси
Раководителски контроли за следење на исполнување
Менаџерски извештаи за стратешко одлучување
Решението е тесно интегрирано со комплетен ERP систем и со систем за управување со документи (DMS).
Поддршка за сите деловни документи (набавки, приеми, магацин, производство, фактурирање, експедиција)
Централизирана дигитална архива
Пребарување, поврзување и вкрстување на документи
Подготовка за ревизии, контроли и сертификации
Контактирајте нè за демо, понуда или дополнителни информации.
info@infoproject.biz